На втората седница одржана претпладнево Советот на млади на Општина Охрид го усвои Статутот на Советот, Меморандумот за соработка а беа избрани органите на Советот.


За претседател на советот беше избран Димче Каневче,  Потпреседател  Александра Апостолова и за секретар беше избрана Елена Каневче, додека за  координатор за односи со јавноста беше избрана Александра Зафироска.


– Задоволен сум од одзивот и соработката на членовите на Советот и институциите кои ги предолжија. Очекувам дека ќе се почитуваат донесените документи кои ќе ја регулираат работата на советот, вклучување на сите советници во реализација на програмата, како и активно вклучување на локалната самоуправа , градоначалникот и Советот на Општина Охрид. Тие до овај момент не себично декларативно ја даваа својата подршка, а сега е вистинско време и прилика да ја покажа и во пракса – истакна Каневче.

М.П.