Комисијата за награди, признанија и манифестации ги прогласи добитниците на трите награди по неодамна распишаниот Конкурс од страна на Општината за најубаво новогодишно украсен двор, тераса…


Првата заграда за Борче Неделкоски

Првата награда во износ од 20  илјади денари за најубаво украсена средина  во пресрет на новогодишните и Божиќни празници, ја доби Борче Неделкоски за убаво украсениот двор на ул. „Радојица Новичиќ“ бр. 97.


Втора награда за Наум Кочоски

Вората награда во износ од 15 илјади денари му припадна на Наум Кочоски од улица „Ристо Чадо“ бр. 45, а третата награда во износ од 10 илјади денари ја доби Маја Руменова од ул. „Нада Филева “ бр.9.


Трета награда за Маја Руменова

Наградите, на пригоден начин  ќе ги врачи градоначалникот Александар Петрески, по Новогодишните празници.

Ohridnews