Германскиот фризер Елмар Вајсер е победник на светското првенство за најубава брада и мустаќи кое минатиот викенд било одржано во норвешкиот град Трондхајм. За титулата се натпреварувале 163 кандидати од 15 земји, а победил Вајсер, на кој ова му е трета победа.
На овогодинешното натпреварување имало кандидати од САД, Швајцарија, Белгија, Канада, Германија, Италија, Шведска, Норвешка, Лихтенштајн, Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Данска, Финска и Холандија, а нивните бради и мустаќи биле оценувани во 17 категории. Натпреварот немал никаква посебна смисла, но бил добра прилика добро да се забавуваат и да пијат пиво, раскажал Оле Јохан Лекберг, секретар на норвешкото здружение на мустаклии кои го организираат ова ексентрично првенство.