Синоќа во вилата “Блед” во Словенија, резиденција на претседателот на поранешната СФРЈ Јосип Броз Тито, се одржа завршната церемонија на доделување на наградата “ЖИВА” за најдобар Словенски музеј во 2017 година, на која учествуваа и претставници на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.

Главната награда, во конкуренција на 23 музеи од 11 земји од вкупно 13-те членки на Форумот на словенски култури (не учествуваа Словачка и Украина), жирито му ја додели на Словенскиот планински музеј.

Меѓу останатите наградени во неколку различни категории се најдоа: Државниот литературен музеј на Јанка Купала од Белорусија, Влашкиот музеј под отворено небо од Рожнов под Радхоштем, Чешка Република, Шлескиот музеј од Катовице, Полска, Националниот музеј на музичка култура “Глинка”, Руска Федерација, Пушкиновиот музеј-резерват, Руска Федерација и музејот “Мацура” од Србија.

Од Блед за OhridNews:
Милчо Георгиевски