Групацијата „Triple S Group“, ги избра најдобрите работодавачи во Македонија за 2011 година.

Целта на истражувањето, како што информираат од „Triple S Group“, беше да се измери задоволството на вработените и да се добие објективна слика за секојдневните работни задачи, перцепцијата на вработените, работното опкружување и меѓучовечките односи во рамки на организацијата. Во изборот учествуваа 29 компании од бизнис секторот на Република Македонија од кои 13 во првата категорија, 10 во втората и 6 во третата категорија:

Прва категорија – Компании со помалку од 100 вработени:

I место Порше Македонија
II место Ре-Актив
III место Капитал Медиа Гроуп

Втора категорија – Компании кои имаат помеѓу 100 и 500 вработени:

I место Вип оператор
II место Авто мото сојуз на Македонија
III место Нелт СТ

Трета категорија – Компании со повеќе од 500 вработени:

ПОБЕДНИЦИ:

I место Македонски Телеком
II место Т-Мобиле
III место Тинекс

Истражувањето беше спроведено во периодот мај-јуни 2011 година од специјализирана агенција за регрутација, селекција и поддршка на човечките ресурси „Triple S Recruitment“ која е дел од групацијата „Triple S Group“, а вработените анонимно го пополнуваа прашалникот, при што одговараа на 102 прашања кои опфаќаат 17 компоненти на задоволството од работата.

OhridNews