Викендот што измина се одржа третото и последно коло од „Зимската риболовна лига 2013-2014“ во категорија на сениори. Овој натпревар, како и изминатите се во организација на Здружението на риболовци Спортски клуб „Св. Стефан“ од Охрид, главен организатор на спортско-риболовни натпревари во Охрид и соседните општини.
И овој натпреварот се одржа на каналот Студечишта во близина на Билјанините Извори. Ловењето риба траеше три часа. Сите натпреварувачи постигнаа солидни резултати а најдобар беше натпреварувачот Петар Булески со улов од 5.360 грама.
Конечниот пласман на натпреварувачите во „Зимската риболовна лига 2013-2014“ е следен:
1 место Петар Булески,
2 место Славко Наумоски и
3 место Димче Мајковски.
Генерален спонзор на натпреварите е концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, од каде најавива дека и во иднина ќе ги подржуваат сите активности на ЗРСК „Св.Стефан“ изразувајќи надеж дека клубот ќе оствари висок пласман на престојното државно првенство.
Од најдобрите шест натпреварувачи во категорија на сениори ќе се состави екипата на ЗРСК „Св. Стефан“ од Охрид, кои ќе учествуваат на државните натпревари во Р. Македонија во 2014 година.
OhridNews