Шеснаесет проекти од вкупно 78-те пристигнати на првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој ќе бидат кофинансирани со цел да се поттикне иновативноста кај компаниите. Половина од нив се од областа на информатичките технологии, а останатите се од други сектори како што се електроинженерството и од производството на кондиторски производи.
Од Фондот за иновации се задоволни од одѕивот на првиот повик за кој беа планирани 600 илјади евра за кофинансирање на проекти.
„Вкупниот буџет за целиот повик изнесуваше 600 илјади евра, меѓутоа ќе бидат доделени 450 илјади евра поради тоа што дел од апликантите не побараа максимална сума и поради тоа што бројот на апликанти што се избрани е 16, што значи дека онаа претпоставена бројка од 20 не ја постигнавме, но сме задоволни од изборот, истакна Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации на денешната прес-конференција. Taa пијасни дека останатите средства што не се искористени ќе бидат искористени за следниот повик.
Првиот јавен повик беше отворен до 18 април и беше наменет за старт-ап и спин-оф трговски друштва. Целта беше да се поттикне иновативноста и претприемништвото кај микро, малите и средните претпријатија.
Фондот за иновации за следните неколку години има на располагање вкупно 10 милиони евра, а за следниот повик се планирани еден милион и 700 илјади евра.
OhridNews
Извор: „МИА“