По објавениот конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби  на тема „Природата порачува- спасувај не загадувај“, што го распиша Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Локалната самоуправа, жири комисијата ги објави наградените трудови.

Од пристигнатите литературни творби првата награда во висина од 7.000 денари ја освои Ана Марија Јанковска, VII одделение од ОУ „Христо Узунов“, втората награда во висина од 5.000 денари му припадна на Никола Сандрески, IV одделние од ОУ „Кочо Рацин“, а третата  награда во висина од 3.000 денари и е доделена на Сара Ламбеска, VI одделение, од ОУ „Григор Прличев“ .

Од пристигнатите ликовни творби првата награда во висина од 7.000 денари ја освои Андреј Ристоски од ОУ „Св.Наум Охридски“, втората награда во висина од 5.000 денари е доделена на Драгана Каневче, V одделение, од ОУ „Григор Прличев“ , а  третата награда во висина од 3.000 денари и припадна на Христијана Арнаудоска од ОУ „Григор Прличев“ .       

 Наградените ученици во придружба на родител треба да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид во канцеларијата на ул. „ Димитар Влахов“ во зградата на Црвен крст Охрид.

OhridNews