Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот Конкурс на тема: „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија:

  • Прва награда во висина од 7.000,00 денари Виктор Милевски 14 години, ОУ„Григор Прличев“, Охрид
  • Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Лина Маркоска VIII одделение, од ОУ „Кочо Рацин“, Охрид
  • Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Софија Миладиноска, 14 години, од ОУ „Св Климент Охридски“, Охрид.

Од пристигнатите ликовни творби награди освоија :

  • Прва награда во висина од 7.000,00 денари Софија Стефаноска, 14 години, од ОУ „Св. Климент Охридски“, Охрид
  • Втора награда во висина од 5.000,00 денари Марија Грозданоска, 7 години, од ОУ„ Христо Узунов“, Охрид
  • Трета награда во висина од 3.000,00 денари Матеј Бакулески, 14 години, од ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани, Охрид.

Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид на ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот, посочуваат од Општина Охрид.

OhridNews