Централното одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици треба да се одржува во Охрид сметаат од Здружението за целосна афирмација на МПЦ Богојавление кое денеска ги отпочна организациските подготовките за Водици 2007.
Претседателот на Богојавление Љупчо Арнаудов рече поглаварорт на МПЦ позитивно ја оценил идејата , но за таа да се оствари потребно е надлежниот владика на Дербарско-кичевската епархија г. Тимотеј да го покани поглаварот да дојде за водици во Охрид, кој одбил да го стори тоа .
Од Богојавление се надеваат дека ќе го убедат владиката Тимотеј да го покани поглаварот на МПЦ и дека ќе се реализаира долгогодишната заложба централната манифестација по повод Водици да се одржи во Охрид. Оттаму соопштуваат дека своето присуство во Охрид веќе го потврдил претседателот на државата Црвенковски, евроамбасадортот Фуере, а поканети се и членовите на валадата и претставниците на дипломатскиот кор во земјава.
Во рамките на подготовките денеска беше избран новиот кум на Водици 2007. Од седумте пристигнати пријави кумството им припадна на Антонио Стружанче, Ѓорѓи Митановски и Васко Марковски кои имаа групна пријава. Тие кумството ке го преземат од досегашниот кум градоначалникот Петрески.