По завршувањето на Конкурсот за доделување  студентски стипендии  за учебната 2007/8 година, посебна Комисија, согласно критериумите, го изврши изборот на 25-те корисници меѓу големиот број пријавени кандидати, соопшти локалната сасмоуправа.
    
Конкурсот за доделување  стипендии на студенти кои запишале II, III, IV, V  и VI година на студии а потекнуваат од семејства со тешка социјална положба, беше распишан на 20.09. и траеше до 10.10. годинава. Месечниот износ на  стипендијата е 2000 денари.
    
Доделувањето на годинешните студентски стипендии од страна на градоначалникот Александар Петрески, беше мотивирано со желбата да им се помогне на социјално загрозените студенти да се справат полесно со материјалните и финансиски тешкотии кои ги пратат во текот на студиите, се вели во информацијата на одделението за односи со јавност.

ohridnews