По повод традиционалната манифестација „Месец на книгата“ неодамна НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс на тема: „Среќа“ наменет за учениците од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.
Комисијата во состав: Христина Трпеска – библиотекар, Бети Лазеска Симоноска – библиотекар и м-р Мариче Боздоганова – библиотекар советник ги разгледа околу триесетината пристигнати трудови на конкурсот и одлучи наградите да бидат доделени посебно за прозен состав и посебно за поетска творба. Според Комисијата секоја творба имаше свој личен печат што зборува за креативноста на младите творци и дава надеж дека еден ден од нив ќе имаме нови автори кои за почеток ќе ја збогатат нашата роднокрајна збирка.
Комисијата првата награда од прозните состави ја додели на шифрата: 060610; втората на трудот под шифра: 09062009 и третата награда за расказот под шифра: Пчелка.
Првата награда од поетските творби и’ припадна на шифрата: Ученик 21; втората награда оди кај шифрата: Сонце и третата награда и’ припадна на шифрата: Семејство.
Наградите ќе бидат доделени во четврток на 7 декември во 12 часот на посебна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
На настанот, велат од Библиотеката, поканети се и учениците кои не добија награда а беа дел од конкурсот.
OhridNews