Најмалку 1000 кандидати, од 200 илјади пријавени, се избрани за обука и патување на Марс во еден правец, според замислата за колонизација на таа планета на холандската непрофитна органзиација „Марс 1“. Кандидатите за патување на Марс, кое треба да започне оваа година, ќе бидат снимани 24 часа во вид на риалити програма, а 24 од нив, наводно, во шест тури ќе бидат лансирани на „црвената планета“, соопштиле организаторите. Патувањето на добитниците на билети за Марс, оддалечен од Земјата најмалку 55 милиони километри, би требало да трае околу шест месеци.

 

Од „Марс 1“ соопштиле дека избраните потенцијални емигранти на Марс, од 140 земји, на 30 декември биле известени дека имале среќа на конкурсот, на кој морале да исполнат бројни критериуми, меѓу кои да имаат „нескршлив дух“, добро расудување, чувство за игра, да бидат здрави и да не користат наркотици, како би станале меѓупланетарни пионери. Во следните две години, кандидатите ќе бидат подлегнати на низа симулации во различни околности, со нагласок на тестирање на нивните физички и емотивни способности.