По едномесечна изборна активност завршија изборите за нови раководства во органите и телата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
На конститутивната седница, одржана викендов, за мандатниот период од 2015- 2019 година, избрани се 31 делегат на Собранието, 11 ченови на Извршниот одбор и по тројца членови во Надзорниот одбор и Статутарно правната комисија.
За нов претседател на Собранието е избран д-р Димитар Спасески, за претседател на Изввршниот одбор Ѓорѓи Трпчески,за негов заменик Добринка Талева, а за секретар на Здружението на пензионери Стефан Владимиров. За делегати во Собранието на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија се избрани Ристо Трајкоски и Ристана Меруџеска-Мојсоска, и за управител на Клубот на пензионерите Јонче Петрески.
Собранието на ЗП Охрид и Дебрца, едногласно го прифати предлогот, актуелниот претседтел на СЗПМ Драги Аргироски, повторно да биде избран за претседтаел и во наредниот четири-годишен период , со образложение дека тој досега успешно раководел со Пензионерската организација на Македонија.
OhridNews