Француската актерка Леа Сејду, најпозната по улогата на лезбејка во филмот “Сината е најтопла боја“, ќе застане рамо до рамо со Даниел Крег во 24. продолжение а филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд. Сејду ќе биде новата Бонд девојка а во продолжението на франшизата ќе ја глуми лутата противничка на агентот 007. Дејството на филмот е сместено во Франција.
Леа веќе е афирмирана во филмските кругови, бидејќи ја играла една од главните улоги во филмот “Сината е најтопла боја“. Филмот кој предизвикал бројни контраверзии следи младата девојка која се обидува да ја открие својата сексуалност и се впушта во лезбејска врка. Инаку, филмот „Сината е најтопла боја“ освоил Златна палма на фестивалот во Кан 2013 година.