На традициналниот израелски натпревар “Fat and Beautiful” кој се одржува секоја година, титулата за најубава девојка ја освоила Тања Вајман која има 23 години. Изборот за најубава жена која има помеѓу 80 и 110 килограми се одржал во Бирсеби, град на југот на Израел на 15 јануари.


На него учествувале 40 жени од сите делови на земјата. Претходната година победила Моран Баранес, шампионка во бокс во тешка категорија, која својата круна ја предала на Тања Вајман, овогодинешната победничка.