Со најголемиот корален екосистем во светот, Големиот Корален Гребен е еден од седумте светски чуда и е на листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Според извештајот на „US News&World Repor“ 2016-2017, оваа локација е одбрана за најдобра дестинација на светот, пишуваат светските медиуми.

-Тоа е одмор кој ќе го доживеете еднаш во животот, а на вестите се споменува дека коралите избелуваат. Патниците тоа треба што е можно поскоро да ги видат, затоа што малку корали се останати, изјави Ерин Шилдс, уредник на „US News“.

Поради зголемената температура на морето, дојде до масовно избелување на коралите, кажаа австралиски научници. Кога температурата се зголемува, тенките алги, наречени „zooxanthellae“ се потиснуваат, поради што коралите стануваат бели. Гренебот е долг 344.400 километри квадратни и вклучува 600 континентални острви, 3000 корални гребени и 150 природни крајбрежни острви.

„US News“ анализираше повеќе од 250 дестинации, користејќи методологија која ги комбинира анализите на експертите и размислувањето на патниците. Ова е Топ 10 листата на најдобри места кои треба да се посетат:

1. Големиот Корален Гребен, Австралија
2. Париз, Франција
3. Бора Бора, Француска Полинезија
4. Фиренца, Италија
5. Токио, Јапонија
6. Куско, Перу
7. Лондон, Англија
8. Рим, Италија,
9. Њујорк
10. Мауи Хаваи

OhridNews