Избирачите во северноисточното гратче Винфилд во американската држава Мисури го реизбраа својот градоначалник за четврти мандат. Тоа и не би било толку чудно освен ако се знае дека тој умрел месец дена порано.
Како што јавуваат медиумите гласачките ливчиња веќе биле отпечатени, а гласањето започнало иако Хери Стонбрекер починал од срцев удар во својата 69-та година. Тоа сепак не го спречило да победи на изборите со огромна разлика , односно освоил 90 % од гласовите.
Тешко е да се верува дека тој ќе управува со градот од оној свет. Граѓаните ќе мора да излезат на избори повторно, но овој пат без неговото име на гласачките ливчиња.