Жирито за доделување на наградата Живко чинго за расказ за 2010, во состав Иван Џепароски, Славе Ѓорго Димоски и Венко Андоновски, донесе одлука наградата да се додели на расказот “ Тагата, ах, тагата” , под шифра Црн ат.

Жирито ги разгледало пристигнатите 49 раскази , по што во потесен избор влегле 10 раскази.


– Наградениот расказ се издвојува од останатите според својата уметничка постапка, како и според интенцијата да фрли нова светлина врз историскиот лик на Константин Миладинов. Необичната точка на гледање му овозможува на авторот низ една палимпсестна постапка да го поврзе овој лик со ликовите на низа наши книжевни великани од дваесеттиот век, појаснуваат од жири- комисијата.


– Овој конкурс прераснува во своевидна институција на македонската кратка проза. Евидентен е квалитетот на расказите од година во година. Дилемата беше голема, размислувавме околу два три раскази, но кој и да го одберевме нема да згрешевме. Расказите покажуваат висок степен на уметничка заокруженост без разлика на кој стил припаѓаат, вели Славе Ѓорго Димоски, член на жири- комисијата.

Ohridnews