Во најдобриот тим на Европскиот ракомeтен шампионат за жени, кој од 2. до 14 декември се одржуваше во Скопје и Охрид  се најдоа дури 4 норвешки ракометарки.

Ол Стар Тим:
Голман – Кетрин Лунде Харалдсен – Норвешка
Најдобро лево крило – Валентина Елисеи Ардеан – Романија
Најдобар лев бек – Тоње Ларсен – Норвешка
Најдобар плејмејкер – Кристине Лунде – Норвешка
Најдобар пивот – Бегона Фернандез – Шпанија
Најдобар десен бек – Грит Јурак – Германија
Најдобро десно крило – Кристин Лин Ригелхит – Норвешка

За најдобар одбранбен играч на првенството прогласена е репрезентативката на Русија – Надежда Муравиева, а најдобар стрелец е репрезентативката на Норвешка Лин Кристин Ригелхит со 51 постигнат гол.

Титулата МВП на првенството ја понесе норвешката ракометарка Кристин Лунде.

ohridnews