Собранието попладнево со 100 гласа За го избра новиот состав на Државната изборна комисија – ДИК.
Претседател на ДИК ќе биде Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ.
Во комисијата уште членуваат: Елизабета Постоловска – ВМРО-ДПМНЕ, Борис Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевска – СДСМ; Енвер Салиу – Беса.
OhridNews