На состанокот на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Охрид кој се одржа на 10.06.2007 година,  беше промовиран новиот состав на Општинскиот комитет на огранокот во Охрид, претходно верификуван од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За потпретседатели на огранокот избрани се: Тони Симоноски, Љупка Попеска и Владо Андоноски, а секретар Панде Рилков.


д-р Владо Стефаноски

Претседателот на Општинскиот комитет, д-р Владо Стефаноски , им се заблагодари на членовите на претходниот состав за нивниот досегашен ангажман, активности и постигнатите резултати, а на членовите на новиот состав им го честита изборот и им посака успешна работа.

извор:
www.vmro-dpmne-ohrid.org.mk