Четиригодишниот булдог Хаклбери е прогласен за најубав булдог на церемонија во Мојн, во американската држава Ајова.

Тој уште во 2010 се натпреварувал за титулата најубав булдог, но останал со празни шепи.

Меѓутоа, тоа се променило оваа година кога прошеталн по сината писта облечен во одело какво што носел Том Хенкс во филмот „Форест Гамп“.

Натпреварувањето за најубав булдог се одржува веќе 34 години на Дрејк универзитетот.

Булдог е и маскотата на универзитетот, а победникот секоја година станува жива маскота на спортските натпревари.

Хаклбери бил најубав во конкуренција од 46 други кучиња.

Некои од нив биле облечени како ликови од приказните, а други носеле превез околу очите и биле обелечени како пирати.