Интернет страната Food&Wine го избрала најдобриот американски бургер. Првата награда отишла кај чизбургерот од In-N-Out Burgera, ланец ресторани од западниот брег. Победникот е познат по своите хамбургери кои ги прави по нарачка на гостите од говедско месо од ранчот Херис. Второто место му припаднало на хамбургерот Black Label од Minetta Taverne во Њујорк, додека трет бил хамбургерот од  Holemana&Fincha, ресторан од Атланта.


Омилениот хамбургер на претседателот Обама од ресторанот Ray’s Hell Burger во Арлингтон го зазел четвртото место. Во Арлингтон прават хамбургери од свежо мелено месо со преливи од печурки и коњак. На крајот од најдобрата петорка се нашол хамбургерот од ресторанот Craigie од Бостон.