Организаорите на избор за Мис на светот ќе ја разочараат машката публика ширум планетата. По новите правила девојките нема повеќе да шетаат во бикини. После 63 години одржување на ова натпреварување, од 2015 година повеќе нема да можеме да уживаме во заносните тела на светските убавици. Организаторите решија девојките повеќе да не позираат во костуми за капење. Објасниле дека тоа не е она што сакаат да претставува изборот за Мис на светот. Не станува збор само за убавина, туку за убавина со цел.
Многу феминистки и организации го сметаат за погрешно ваквото претставување на жените. Крис Вилмер и Џулија Морли во име на организацијата најавиле дека мисиците во иднина ќе носат „облека за плажа“, иако сеуште не се знае за што всушност се работи и каква ќе биде таа облека. Идејата е изборот за Мис на светот да стане моден настан, а не бикини шоу. Со оваа одлука се прави и отстапка за муслиманските земји, чија вера се противи на прикажувањето на разголено женско тело.