Спортска атмосфера, спортисти исполнети со среќа поради постигнатиот успех и тренери кои се гордеа на нивнитe резултати еве вака наликуваше преполната сала во Општината Охрид за време на изборот за спортските лаурети за 2012 година организирано од Сојузот на спортови.


– Им честитам на спортистите, пензионерите и новинарите за успешната 2012 година. Спортистите во Охрид донесоа доста врвни резултати кои ги споделија со нас. Се надевам дека и наредната година во ваков голем број ќе се собереме и ќе прослави нови победи на спортот во Охрид – рече Претседателот на Сојузот на спортови во Охрид, Коста Карадимче.



– Се чувствувам исполнет како никогаш досега. Чест и задоволствот е да се биде меѓу овие сите успешни спортисти. Секој успех и постигнат резултатот го славам заедно со нив бидејќи и јас порано игра активно одбојка и кошарка. Како градоначалник на Охрид секогаш застануваме зад спортистите и со сте расположливи средства им помагаме за да ги достигнат нивните најдобри резултати –
рече градоначалникот, Александар Петрески, кој доби признание за развојот на спортот во Охрид.





– Ние како здружение неможиме да се носиме со овие спортисти кои се закитија со награди во своите дисциплини. Но, во нашата возрасна категорија веќе две години сме неприкосновени прваци, а ни треба уште една да го донесеме во Охрид пехарот, кој ќе ги краси нашите витрини –
истакнаа од Здружението на пензионери од Охрид.


На крајот од свечената цероменија Преседателот на Сојузот на спортови, Коста Карадимче на спортистите и на спортските работници им посака плодна и успешна година.

Мх.П.