Трета година по ред Охрид, ќе остане без прогласување на спортист на градот. Не функционирањето на Сојузот на спортови, телото кое го вршеше овој избор резултира  Охрид да не добие спортски лауреат и за 2008 година.

Истече мандатот на преседателската позиција на Тони Иваноски, а инцијативата да се избере нов претседател пред речиси една година пропадна поради  лошото толкување на законот.

Седницата одржана на 28 март 2008 г.  на која требаше да биде избран новиот престедател беше одложна откако дел од делегатите имаа забелешки на статутот од 2001  година, кој според нив не бил во согласност со Законот за спорт.

Формирана беше работна група која требаше да ги ревидира членовите на сојузот, но и да ја организира наредната седница, на која Сојузот на Спортотвите требаше да добие нов преседател.

До ден денес работната група ниту одржа состанок ниту пак организираше седница. Последен пат избор на спортист на годината на Охрид се одржа во февруари 2006, а  победи атлетачарот Реџеп Селман.

М.Постоловски