Трибина за Изборниот законик и Правилата на Советот за радиодифузија за медиумско претставување на претстојните локални и претседателски избори, ќе се одржи денеска во малата сала на Општина Охрид.
Целта на трибината е новинарите и сопствениците на електронските медиуми во Охрид да се запознаат со правилата на однесување во предизборниот период .
Изборниот законик предвидува високи казни за прекршителите кои се движат од 5 до 7 илјади евра, како и забрани за емитување на програма.