Првите часови од гласањето низ Македонија се одвива мирно.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека досега не е пријавен посериозен инцидент на ниту едно избирачко место.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи.

Досега МОСТ има регистрирано неколку изборни нерегуларности.

„Гласачкото место 2296 во општина Штип е отворено со задоцнување од еден час и десет минути, поради пропаганден материјал најден пред гласачкото место. Гласачкото место 0562 во општина центар Жупа исто така има најдено расфрлан пропаганден материјал. И гласачкото место 2353 во општина Студеничани, при отворање на гласачкото место избирачкиот одбор утврдил дека недостига едно ливче.“ изјави Дарко Алексов од граѓанската асоцијација МОСТ.

Во сите три случаи по утврдување на состојбата гласањето е започнато и е во тек.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 3700 набљудувачи, кои ќе покријат околу 70 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија.

OhridNews
извор: „Макфакс“