Изборната конференција на која требаше да бидат избрани новите раководни органи на Општинската организација на Социјалдемократкиот сојуз – СДСМ во Охрид, наместо денеска како што првично беше најавено, ќе се одржи во понеделник.
Одложувањето е направено поради неможност навреме да се подготви Изборната конференција, ни изјави членот на работната група Ангеле Гиноски. Тој рече дека потребните матерјали за одржување на Изборната конференција нема да бидат готови навреме , поради што истата се презакажува за в понеделник 24 септември во 20 часот.
Инаку како што прв објави “ohridnews“, нов претседател на охридскиот огранок на СДСМ, најверојатно ќе биде Томе Чингоски, актуелен шеф на кабинетот на градоначалникот Петрески.
Како што дознаваме деновиве во Скопје бил одржан состанок помеѓу партиското раководство и претендентите за претседателската функција во општинската организација, на кој бил постигнат договор Томе Чингоски да застане на чело на партијата во Охрид, а неговиот противкандидат, Бранко Трчески, да биде избран за координатор на Изборната единица број 5.
Г.Момироски