Општинската организација на резервните офицери од Охрид синоќа одржа изборна конференција. Резервните офицери на град Охрид, избраа нов Претседател, Потпретседател, Секретар и нови членови на Извршниот одбор. За нов Претседател на Организацијата на резервните воени старешини на град Охрид е избран господинот Цветко Кузески.
На синоќешната изборна конференција присуствуваа повеќе резервни воени старешини од Охрид како и гости од Организацијата на резервните офицери на Република Македонија предводена од Генерал-мајорот во пензија Ристо Дамјаноски.
На присутните со пригоден говор им се обрати и Градоначалникот на Општина Охрид г-дин Александар Петрески кој посебно се задржа на значењето на резервните старешини во севкупниот безбедносен систем и одбраната на РМ.
Резервните старешини на град Охрид ја разгледаа и прифатија Предлог-Програмата за работа во наредниот мандатен период 2008-2012 година.
ohridnews