На исландските локални избори најмногу гласови добила „Најдобарата партија“, која ќе има и мнозинство во советот во главниот град Рејкјавик. Нејзиниот лидер, комичарот Јон Грег, најверојатно ќе стане градоначалник. Во својата програма навеле дека зоолошката градина ќе добие нова поларна мечка и дека кај аеродромот ќе изградат Дизниленд.


На гласачите им ветиле и посветла иднина. Никој во раководството на партијата претходно не се бавел со политика, а ова е прв пат во Европа партија да добие избори со толку иронична програма. Исланд е кандидат за членка на ЕУ, а аналитичарите победата на оваа партија ја објаснуваат како губење на довербата на граѓаните кон власта.