Во текот на вчерашната посета на Охрид,неговата екселенција, амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Кристијан Тимоние, остварена средба со претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од редовите на опозициската партија на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид.
На средбата се разговарало за текот на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид, при што претставниците на ВМРО ДПМНЕ се осврнале на одредени појави кои, според нив, се’ уште претставуваат предизвик за нашите изборни процеси, како и за можностите за елиминирање на појави кои го компромитираат овој највисок демократски чин, соопшти партијата.
На средбата се раговарало и за можноста Охрид да биде ставен на листата на локалитети во опасност на УНЕСКО на состанокот на Комитетот за светско наследство што се одржува во Баку.
Констатиравме дека препораките кои ги добивме пред повеќе од една година треба најсериозно да се сфатат и најдоследно да се импламентираат. Предочивме на нашата загриженост заради многубројните активности и состојби кои сериозно го загрозуваат како езерото и природата, така и автентичноста на Охрид и неговото културно наследство. Импресионирани сме од степенот на информираност на амбасадорот Тимоние за состојбите во нашиот и светски бисер Охрид. Изразивме благодарност за заинтересираноста и желбата да добиеме помош во справување со овој, во моментот најголем предизвик за градот. – стои во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Од ВМРО-ДПМНЕ – Охрид велат дека партијата и во иднина ќе ја користи секоја можност за конструктивни средби со претставници на дипломатскиот кор и други истакнати членови на меѓународната заедница на кои ќе ги афирмираат своите заложби за развиен, просперитетен и космополитски Охрид со зачувано природно и културно наследство.
OhridNews