Пописот на населението и домаќинствата, најавен за април 2011 година, најверојатно ќе биде одложен на одреден период.

Причина за тоа се најавените предвремени парламентарни избори. Потврда на тоа даде и вицепремиерот Абдулаќим Адеми, кој  одговарајќи на новинарско прашање вчера во тетовска Речица истакна дека е евидентно дека е создадена атмосфера за предвремени избори и доколку дојде до нивно распишување најверојатно пописот ќе биде одложен.

-Нашиот партиски став ќе го прецизираме следната недела, меѓутоа доколку дојде до одложување на пописот, тој може да се спроведе во ноември или април следната година, рече Адеми.

OhridNews