Предвремените избори за градоначалник се одржуваат денеска во општина Зајас.

Во избирачкиот список се запишани 10.047 лица, кои, своето право на глас  можат да го остварат на 16 избирачки места. Избирачките места се отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
 
За да бидат изборите успешни, потребно е одѕив од 30 отсто од гласачкото тело, при што единствениот кандидат Мусли Муслиу треба да добие поддршка од 50 отсто плус еден глас.

OhridNews
извор:„Макфакс“