Во Охрид сите патни правци се чистат и се проодни. И патните правци до сите селски населби се чистат од страна на локалната самоуправа и се проодни за сообраќај, информираат од Центарот за управување со кризи за состојбата со снежните врнежи.
Во општина Струга поголем дел од патиштата се исчистени, но се уште непроодни се патиштата кон селата Вишни, Горна Белица, Мали Влај, Нерези, Пискупштина, Модрич, Поум и други. Со чистење ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Забрана за движење на сите моторни возила има на правецот Маврово – Дебар, поради тоа што во близина на манастирот Св.Јован Бигорски има лавина на патот. Поради новонастанатата временска состојба во тетовско има повеќе отсечени села
Патот кон Центар Жупа не е прооден, заглавени се неколку патнички возила кај с.Мелничани, а исто така и кон с.Броштица. Патиштата кон селата од Горна Жупа не се проодни, а непроодни се и патните правци кон селата Гари, Лазарополе и Тресонче. Од општина Дебар известуваат дека работат со три машини и исчистени се патните правци кон селата Могорче, Горно Косоврасти, Баниште и граничен премин Блато. Со чистење се продолжува во текот на денешниот ден.
Од Македонија пат известуваат дека магистралниот пат Дебар-Гостивар е прооден за сообраќај само са лесни возила со синџири. Постои забрана за автобуси и товарни возила. Магистралниот пат Дебар-Струга не е прооден поради падната лавина кај местото Манастирец. Булдожер на Кнауф ја чисти лавината.
Попради лошите временски прилики проблеми има со доставување на изборниот материјал. Од ДИК информираат дека поради непроодните патишта избирачкиот материјал не е пристигнат до некои поодалечени населени места.