Во деновите што претстојат ќе се анализираат резултатите од парламентраните и претстедателските избори. Но уште сега е јасно дека владејачката СДСМ значително потфрли, а опозциската ВМРО ДПМНЕ однесе убедлива двојна победа. Гордана Силјановска Давкова е нов претседател на државата, а во парламентот ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата обезбедија 59 мандати, наспроти 19 на СДСМ.
Во Охрид кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, освои 7437 гласови (25,14), додека кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова 20743 (70,12%).
Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од над 95% од преброените гласови во 5 ИЕ, ВМРО ДПМНЕ освои 10 пратенички мандати, СДСМ и коалицијата 4, меѓу кои нема ниту еден кандидат од Охрид, ДУИ 3, Левица 1, ВЛЕН 1, ЗНАМ 1.
Разликата во гласови, исто како и на претседателските избори е голема и за парламентарните избори во Охрид. Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освоила речиси 13000 гласа повеќе од СДСМ, односно 17235 наспроти 4709.
Г.М.