Од полноќ започна изборниот молк, кога политичките партии кои учествуваат на предверемените парламентарни избори 2008 година, ќе ги замрзнат сите активности сврзани со изборите. Се сработи што се сработи, сега на потег се граѓаните на кои до в недела им се остава време да го сумираат се она што го слушанале за време на кампањата.

Партиите имаа 20 дена да го дадат максимумот од себе за да се претстават во најдобро светло, но и да го привлечат гласачкото тело на своја страна. За време на изборната кампања, граѓаните имаа можност да слушнат од презентација на сопствената партиска програма до меѓусебни партиски обвинувања.

ohridnews