Околу стотина натпреварувачи кои ја уредуваат својата брада и мустаќи се собрале во германскиот град Форзхаим за да одлучат кој од нив има најубави украси на лицето. Меѓународното натпреварување во убавина на брада и мустаќи, кое го организира локалниот клуб „Pforzemer Schnauz“ оваа година слави 20-годишнина. Еден натпреварувач од Австрија рекол дека би било прекрасно да победи, но неговите конкуренти никогаш не одмарале и постојано се грижеле за своите мустаќи.


Тој додал дека еден од нив со себе понел и личен бербер, па пред себе имал голема конкуренција. Но сепак, најважно било да се учествува и уживал во можноста да запознае луѓе слични на себе. Награди се доделувале за 18 различни категории, а меѓу нив била и таа за најубави и најнеобични брада и мустаќи.