Жените кои се натпреваруваат на Унгарскиот натпревар за Мис на пластичната хирургија мораат заедно со личните податоци да ја покажат и медицинската документација. Можат да се натпреваруваат само девојки од 18 до 30 години кои барем еднаш извршиле корективна операција под анестезија. Унгарците го организирале ова натпреварување за да ја популаризираат пластичната хирургија.


Организаторите се надеваат дека со изборот ќе покажат колку напреднала пластичната хирургија во последниве неколку години. Жирито ќе го сочинуваат повеќе познати хирурзи. Победничката ќе добие нов стан, првата придружничка автомобил, а втората пат во Кенија за двајца.