Повеќето луѓе побргу би ја свртеле главата од мачки без влакна со огромни уши, меѓутоа група вљубеници во сфинкс мачките се собрала во Романија на дводневен саем, како би ја избрале најубавата. На натпреварот учествувале повеќе од 200 сфинкс мачки.
Овие мачки без влакна, со огромни долги уши и покрај егзотичното име всушност потекнуваат од Канада. Првите мачиња после неколку години внимателнмо вкрстување биле претставени во шеесеттите години од минатиот век. Иако на прв поглед претставувваат синоним за јадно и бедно, нивната цена достигнува и до 3500 евра.