Во Мека, во Саудиска Арабија, во средата започнал натпревар за најубава коза. Натпреварот за избор на најубава коза е дел од еден аукциски саем. Надзорникот на аукцијата Фавзи ал-Суби рекол дека за престижната титула се натпреварувале дури 170 животни.
Се очекува дека козата која ќе победи ќе достигне цена до 20 илјади долари. Се работи за врсти кои се чистокрвни хијази кози, а името го добиле според покраината во која се наоѓа Мека. Натпреварот го организирале за да ја подигнат свеста за таа врста кози.