Во женскиот затвор Ел Буен Пастор во Богота бил организиран избор за најубава девојка. Крадци, убијци и дилерки на дрога се пријавиле на натпреварувањето, надевајќи се дека ќе ја освојат титулата за најубава затвореничка. Убавиците облечени во светликави комбинации и со разнобојни пердуви на себе изгледале како да се припремаат за карневал. Сепак, единствено место на кое можеле да парадираат бил затворскиот двор. Во прашање биле осуденичките од споменатиот затвор во кој секоја година се организирал избор за мис. Натпреварот бил организиран од вработените во затворот, како би ги инспирирале и расположиле затвореничките. Затворот содржел девет блокови ќелии, а во секој биле сместени помеѓу 100 и 250 жени. Секој блок избирал по една претставничка која во негово име се натпреварувала на изборот за мис.

Облеката на убавиците била рачно изработена, а затвореничките морале да соработуваат како би ја скроиле на време, пренеле медиумите. Кога сите натпреварувачки ќе се облечат и нашминкаат, време е да прошетаат пред останатите затворенички и чуварките. Несекојдневниот избор воедно претставува и прослава во чест на богородица Мерцедес, заштитничката на затворот. На овогодинешниот избор победила Ема Урдинола, која според мислењето на жирито најубаво изгледала, како во светликавиот костим, така и во народна носија и вечерен фустан.