Главниот град на Унгарија е домаќин на првиот светски избор за Мис на мафијата. Право на учество на овој необичен натпревар имаат сите дами кои ќе приложат доказ за направено кривично дело, затворска казна и сопствени фотографии направени во полициска станица после апсење.


Организаторите најавиле дека тоа ќе биде повеќе од интересна вечер, бидејќи на списокот пријавени имало измамнички, крадци и така натаму. Најубавата девојка како награда ќе добие стан во Будимпешта и автомобил.