На меѓународниот саем на книгата во Белград, претставен е избор од поезијата на македонскиот поет Ристо Лазаров насловен како „Одтанцувана историја“.
Книгата, која на саемот ја претстави издавачката куќа „Архипелаг“ од Белград, содржи 70 песни на српски јазик кои ги преведе белградскиот поет Душко Новаковиќ.
Книгата на избрани песни „Одтанцувана историја“, како збир на поетското
искуство, го прави ова доживување на поезијата на Лазаров посебно
снажно, вели критичарот и главен уредник на „Архипелаг“ Гојко Божовиќ нагласувајќи дека песните застапени во овој избор се од последните три стихозбирки на Ристо Лазаров.