Охридскиот сојуз на спортови и оваа година ќе ги избира најдобрите спортски лаурети во градот. Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид. Таа ќе е составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.
Критериумите се строго пропишани согласно статутот на Сојузот на спортови Охрид, каде се предвидени апликантите да ги исполнуваат следните критериуми:
• Да поседува решение од Централен регистер на РМ,
• Да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ,
• Да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување,
• Секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб.
Сите апликации да се поткрепат со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе се ценат додатни прилози, како објави во штамани и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи и сл. Во прилог да се достави кратка биографија.
Контакт:
• на електронската адреса [email protected]
• во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит на крај од кејот после Хотел Гарден
• Претседател на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче, тел 070/249-507
• Подпредседател на Сојузот на спортови Охрид, Цветко Чолески, тел. 075/393-866
• Техничкиот секретар на Сојузот на спортови Охрид, Радован Попоски, тел. 075/951-777
Ohridnews