Малото перуанско гратче Паруро избрало градоначалник на необичен начин, со фрлање паричка, бидејќи на почетокот на месецов двата кандидати добиле исти број гласови. Како што изјавиле официјалните лица, Вилберт Медина и Хозе Корнехо Карпихо добиле по 236 гласови на изборите на 5 октомври во градот на североистокот на земјата, каде живеат помалку од 4000 жители.
Поради тоа, како што јавуаат агенциите, реагирала изборната комисија од Куск и го применила законот кој овозможува фрлање паричка во такви случаи. Повеќе среќа имал Вилберт Медина и така Перуро добил нов градоначалник.