Во западната индиска покраина Гујарат во месноста Банеј, на сред шума ќе биде поставена една избирачка кутија и тоа само за еден човек. Овогодишните избори ќе се одржат во април, а право на глас ќе имаат 714 милиони гласачи.


Избирачкото место ќе биде сместено на подрачјето на националниот парк во шумата Гир, во која се наоѓа резерватот за последните примероци на азиски лавови.

Осамениот гласач е свештеник од храмот сместен во шумата.  Исто така властите во Индија известиле дека ќе има уште едно помало гласачко место, но таму ќе гласаат двајца гласачи.