Идеалната боја за нас не е едноставен избор, а најчестите поделби велат дека постојат четири типови на боја на кожата според годишните времиња – пролетна, летна, есенска и зимска, со тоа што есента и пролетта се топли тонови, а ладни се летото и зимата.

Ако не знаете кој тип сте, еве еден тест-ставете сребрен прстен на едната, а златен на другата и погледнете како изгледаат на дневна светлина, ладниот тон на кожа совршено ќе се усогласи со сребро, а топлиот со злато.

Пролетниот тип на кожа е сличен со есенскиот по бојата на тенот, а обично тоа се луѓето кои имаат светла коса со златникава или црвенкаста боја, пеги и светли очи. Идеални бои се златно жолта или кафена, праска и карамел.

Летниот тип има розева или бледа кожа, што обично имаат бринетите со светли очи или природните русокоси, а идеални бои се светло сина, лаванда и розева.

Есенскиот тип има нијанси на бело кафе, боја на праска и златни подтонови, што имаат бринетите со златно кафени очи или црвенокосите. Идеални бои се портокалова,златна, темно кафена, беж и карамела.

Зимскиот тип има розев или синкаст подтон, бледа, темна или маслинеста боја на кожата, што обично имаат бринетите со кафени или темнокафени очи. Идеални се црната, белата, интензивно розева, црвена и морнарско сина боја.

извор:metro-portal.hr