Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, согласно добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи за зафаќање на поголем дел од нашата држава од топлотен бран со високи температури советуваат да се избегнува сонцето и да се внесуваат големо количество на течности.

Тие соопштуваат дека најдобро е да се избегнуваат какви било напорни активности вклучувајќи и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот.
Во текот на ваквите топли денови, останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани.
Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце задолжително е носење заштитни очила и капа“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Да се внесува големо количество течности почнувајќи од  обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалоци, а оние кои поради болест треба да избегнуваат повеќе течности за ова да се консултираат со матичниот доктор.

“Да се избегнуваат алкохолните и пијалаците, кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или консумирање поголемо количество шеќери и да се избегнува директен престој на сонце, а при неопходен престој на отворен простор да се најде можност за почести одмори под сенка“, велат од министерството.

OhridNews